cookie

نحن نستخدم ملفات تعريف الارتباط لتحسين تجربة التصفح الخاصة بك. بالنقر على "قبول الكل"، أنت توافق على استخدام ملفات تعريف الارتباط.

avatar

iNFOMAX.mk

Следете ги најважните вести на Инфомакс на Телеграм!

إظهار المزيد
مشاركات الإعلانات
1 552
المشتركون
+224 ساعات
+47 أيام
+1830 أيام

جاري تحميل البيانات...

معدل نمو المشترك

جاري تحميل البيانات...

إظهار الكل...
Министерството за спорт даде 3.000.000 денари за „златните“ У18 кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори (играчи до 18 години) од Б дивизија што се одржа од 26 јули до 4 август 2024 година во Скопје. -На иницијатива на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Владата донесе одлука со која го задолжи Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства во висина од три милиони денари на Министерството за спорт, а Министерството за спорт преку Кошаркарската федерација на Северна Македонија овие средства да ги распредели на стручниот штаб и на кошаркарите во младинската репрезентација (У18), се вели во денешното соопштение од Министерството за спорт. Младите македонски кошаркари на Европското јуниорско првенство (У18) Б дивизија во Скопје го освоија златниот медал остварувајќи осум победи во исто толку одиграни натпревари. Со оваа титула, кошаркарите обезбедија пласман…

АКО ИМАТЕ АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛИ, ПОДАРЕТЕ ГИ! Јавен повик од Државниот архив до граѓаните https://infomax.mk/%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b5-%d0%b0%d1%80%d1%85%d0%b8%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%b5/
إظهار الكل...

ПОЧИНА УШТЕ ЕДЕН УКРАИНСКИ ПИЛОТ: Студирал во Франција, требало да лета со американски ловци Ф-16 https://infomax.mk/%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d1%88%d1%82%d0%b5-%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d1%83%d0%ba%d1%80%d0%b0%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d0%b8%d0%bb%d0%be%d1%82-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4/
إظهار الكل...
ПОЧИНА УШТЕ ЕДЕН УКРАИНСКИ ПИЛОТ: Студирал во Франција, требало да лета со американски ловци Ф-16

Телото на пилотот Руслан Курбанмухамедов, кој студирал во Франција и се подготвувал да стане борбен пилот Ф-16, е донесено во Кременчуг. Ова е веќе втора загуба меѓу украинските пилоти кои се обучуваат на западни авиони како дел од програмата за обука на Вооружените сили на Украина. Според информациите, Курбанмухамедов бил еден од пилотите избрани за обука за управување со американските ловци Ф-16, кои веќе влегле во служба на украинската армија. Студирал во едно од воените училишта во Франција, каде што ги совладал модерните борбени авиони. Се уште не се откриени точните околности за неговата смрт. Министерството за одбрана на Украина не даде официјални коментари за инцидентот, ниту ги прецизираше деталите за несреќата или можни технички проблеми поврзани со обуката на Ф-16. Руслан Курбанмухамедов е роден во 1983 година во Кременчуг. Дипломирал на колеџот за летови во Кременчуг. Тој беше учесник во непријателствата. Од друга страна, Белата куќа смета дека Украина премногу брза да ги користи примените ловци…

إظهار الكل...
Со велосипед удрил во пешак и – побегнал!

Вчера во 07.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Доне Божинов“ и ул.„Ленинова“ во Куманово, велосипед удрил во пешакот М.Н.(46) од Куманово, по што возачот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни порведи се здобила М.Н., констатирани во Градската општа болница Куманово. Извршен бил увид од екипа од СВР Куманово.

إظهار الكل...
Трамп и Харис во изедначена трка пред изборите на 5 ноември

Американската потпретседателка и демократски кандидат, Камала Харис, и поранешниот претседател и републикански кандидат, Доналд Трамп, остануваат изедначени на седум недели пред претседателските избори на 5 ноември, покажуваат најновите анкети објавени денеска. Во националната анкета, Харис и Трамп се изедначени со 47 отсто поддршка од американските гласачи. Анкетата е спроведена на 2.437 испитаници од 11 до 16 септември за потребите на „Њујорк Тајмс“, „Филаделфија Инквајер“ и колеџот Сиена, а во неа маргината на грешка е три процентни поени. Во Пенсилванија, една од седумте клучни сојузни држави, Харис го задржа водството од четири процентни поени и води со 50 до 46 отсто, со маргина на грешка од 3,8 процентни поени, покажа анкетата на „Њујорк Тајмс“. Анкета за „Вашингтон пост“,пак, укажува на тесна трка во оваа држава, која заедно со Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина и Висконсин може да го одреди исходот од изборите. Испитаниците во Пенсилванија, 1.003 од нив, во 48 отсто случаи се изјасниле…

„Атлантик Штарк“ од македонскиот пазар повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело https://infomax.mk/%d0%b0%d1%82%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%b8%d0%ba-%d1%88%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%ba-%d0%be%d0%b4-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bf%d0%b0/
إظهار الكل...
„Атлантик Штарк“ од македонскиот пазар повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391, двата со рок на траење до 11.05.2025 година, поради можност за присуство на надворешно тело, потврдија за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Од АХВ апелираат до потрошувачите доколку ги купиле посочените производи да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле. – Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера, од компанијата „Атлантик траде“ Скопје Доо Илинден доби известување дека поради можност за присуство на надворешно тело, од пазарот ги повлекува производите: 280766 Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 со рок на траење 11.05.2025 и 281061 Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391 со рок на траење 11.05.2025. Производител на производите кои се повлекуваат според известувањето е Атлантик Штарк доо Белград, Република Србија. АХВ како одговорна институција за безбеднста на храната…

Најавите на премиерот беа дека во Брисел ќе пренесе „жестоки пораки“ – исход се средби на кои премиерот сепак не пренел ништо ново https://infomax.mk/%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%b5%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%b1%d0%b5%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%ba%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%b1%d1%80%d0%b8%d1%81/
إظهار الكل...
Најавите на премиерот беа дека во Брисел ќе пренесе „жестоки пораки“ – исход се средби на кои премиерот сепак не пренел ништо ново

Пишува Ивон Величковски на социјалните мрежи: Пораките на Мицкоски од Брисел се кон домашната јавност, а Брисел останува на своите позиции. Впрочем нив Скопје ги има прифатено. Северна Македонија ќе напредува во евро-интеграциите според Преговарачката рамка, а ВМРО-ДПМНЕ избира дали и како (ќе) го кочи ЕУ-интегративниот процес. Најавите на премиерот вчера беа дека во Брисел ќе пренесе „жестоки пораки“. Денешниот исход се средби на кои премиерот сепак не пренел ништо ново. А од акцентираната едногласност во одлучувањето од соговорниците, заклучокот е дека Брисел не препознал основа за промена во пристапните документи и процеси на Северна Македонија. Со тоа, пресретнат е уште еден обид за злоупотреба на посетата во функција на партиската пасив-агресивна анти-интегративна пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ. 1. Премиерот и министерот за надворешни немаа ексклузивни средба со европскиот врв, туку состаноци во рамки на спроведувањето на Планот за раст на регионот заедно со уште 5 владини делегации од регионот. 2. Со…

🤮 3
(Видео) ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Навивачи на Чаир со боксови нападнаа играч на ТФТ – МВР е на потег! https://infomax.mk/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%b5%d0%bc-%d1%81%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d0%bb-%d0%bd%d0%b0%d0%b2%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%87%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%87%d0%b0%d0%b8%d1%80/
إظهار الكل...
(Видео) ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Навивачи на Чаир со боксови нападнаа играч на ТФТ – МВР е на потег!

Подготвителниот меч кој се играше во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ и Чаир беше прекинат во финишот поради масовна тепачка. Инцидентот се случи на две минути до крајот на мечот кога по еден прекршок од страна на кошаркар на ТФТ имаше реакција на клупата на чаирчани. Тензијата се прелеа и во публиката до степен да дојде и до тепачка. Најдебелиот крај го извлече капитенот на ТФТ, Едис Нури кој беше нападнат од неколку навивачи на Чаир кои со боксови се пресметаа со кошаркарот. Инцидентот е пријавен во полиција.

https://youtu.be/QeDI0qe__O0?si=y-Wwdoqh8lvfyb4s

إظهار الكل...

ПОВЕЌЕ ОД 100 ПОЖАРИ ВО ПОРТУГАЛИЈА, ПРОГЛАСЕНА Е ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Има загинати и уништени се илјадници хектари шума https://infomax.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%9c%d0%b5-%d0%be%d0%b4-100-%d0%bf%d0%be%d0%b6%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d0%be%d1%80%d1%82%d1%83%d0%b3%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3/
إظهار الكل...
ПОВЕЌЕ ОД 100 ПОЖАРИ ВО ПОРТУГАЛИЈА, ПРОГЛАСЕНА Е ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Има загинати и уништени се илјадници хектари шума

Во Португалија моментално има повеќе од 100 пожари, а најмалку 7 лица загинаа во Авеиро и Визеу, меѓу кои и пожарникари и цивили, објави цивилната одбрана на земјата. Португалската влада денеска прогласи вонредна состојба во областите најтешко погодени од пожарите, вклучително и областа Авеиро, јужно од Порто. Авеиро беше меѓу најтешко погодените области, додека, пак, неколку големи пожари зафатија и други шумски области. Политичарот Дуарте Коста во вторникот вечерта изјави дека специјализиран тим за итни случаи од 230 шпански војници ќе биде распореден во Визеу. Властите допрвин треба да соопштат податоци за материјалната штета и бројот на евакуирани. Португалскиот премиер Луис Монтенегро ги повика полициските инспектори да ги удвојат напорите за пронаоѓање на одговорните за подметнувањето на пожарите и вети помош за погодените. Останатите членки на Европската унија, Шпанија, Франција, Италија и Грција ангажираа по 2 канадери во Португалија, а помош во форма на 4 противпожарни авиони пристигна од Мароко.…

اختر خطة مختلفة

تسمح خطتك الحالية بتحليلات لما لا يزيد عن 5 قنوات. للحصول على المزيد، يُرجى اختيار خطة مختلفة.